Три имиња од кои Хамилтон ќе мора да се пази во текот на оваа сезона

0

Луис Хамилтон, возачот на Mercedes и шампион во Formula 1 за минатата сезона, во одбраната на титулата, ќе мора да внимава на Фернандо Алонсо, Себастијан Фетел и Макс Верстапен

Имено, Хамилтон за магазинот Autosport истакнува дека тој и наброените тројца во моментов се најсилни и најдобри возачи во Formula 1. Тој додава дека се надева дека сите четворица ќе се борат за титулата и дека тоа би било неверојатно добро.

Иако Хамилтон има освои девет од 20-те Големи награди минатата сезона, успешни беа и Ветел и Верстапен. Покрај нив, успеси имаа и Валтери Ботас, тимскиот партнер на Хамилтон и Даниел Рикардо, кои не се на листата на Хамилтон.

Што се однесува до Алонсо, тој успеа да го извози најбрзиот круг на трката за Големата награда на Унгарија, иако го возеше болидот на McLaren со слаб и несигурен погонски агрегат на Honda. Алонсо нема победено на трка уште од 2013 година, а на подиум се нема искачено од 2014 година. Оваа година, McLaren преминува на моторите на Renault, што може да биде или предност или слабост.

Хамилтон додава дека Алонсо можеби е најдобриот возач во Formula 1, кон кој тој има голема почит, додека Верстапен е едноставно одличен возач. „Тој е уште млад и тој ќе направи силен напредок во следните 10 години“, додава шампионот.

Дели Хамилтон, Фетел или Алонсо, секој од нив има неколку шампионски титули зад себе. Можеби во листата треба да се вброи уште еден возач кој има титула зад себе и за кого можеби претстојната сезона е негова последна шанса да докаже дека сеуште е шампион – Кими Раиконен.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »