Toyota: масoвна електрификација на моделите од 2019 година

0

Според гласините кои доаѓаат од Јапонија, Toyota на амбициозните планови на Кина за производство на plug-in-хибридни возила ќе одговори со масовно производство на електрични возила во Кина од 2019 година.

Се разбира, главната причина за ова е што оваа компанија сака да продолжи да биде конкурентна на кинескиот пазар. Имено, до крајот на 2019 година во Кина, најмалку 10% од продажбата мора да бидат plug-in хибридни автомобили, во спротивно, производителите ги чека казната или отстранување од пазарот. Основниот модел со кој Toyota ќе ја започне офанзивата е C-HR, кој моментално е достапен само во верзија со конвенционални и хибридни агрегати. За жал, новиот теренец ќе се продава само на кинескиот пазар.

Првично, се очекува производство на неколку илјади автомобили, што не звучи толку многу, но ова е веројатно затоа што компанијата чека да види дали кинеската влада цврсто стои во својата одлука.

Loading...
Споделете.

Напишете коментар

Translate »
%d bloggers like this: