Според потрошувачката на гориво, најмалите модели се доближуваат до хибридите

Иако во последно време повеќето луѓе се откажуваат од традиционалните автомобили на сметка на се попопуларните кросовери и SUV модели, малите hatchback модели и седани остануваат најекономични автомобили. И не само тоа. Тие според потрошувачката на гориво се приближуваат до хибридите. Да не зборуваме дека нивната ниска цена е исто така од голема важност за потрошувачот.

Агенцијата за заштита на животната средина на САД (EPA) направила класификација на 10-те најекономични автомобили достапни на тамошниот пазар. Наведените цени се за основните верзии на моделите.

10. Chevrolet Spark

Потрошувачка на гориво – градско возење 7,84 l / 100 km, надвор 6,19 l / 100 km.
Цена – 13.925 долари.

Малиот Chevrolet Spark технички се класифицира како градски автомобил, чија одлика е лесно наоѓање паркинг простор и одличен маневар во ограничен простор. Под предниот капак на моделот е поставен 1.4-литарски 4-цилиндерски мотор впарен со CVT пренос.

9. Toyota Camry

Потрошувачка на гориво – градско возење 8,11 l / 100 km, надвор 5,74 l / 100 km.
Цена – 24.390 долари.

Тојота Camry е единствениот средно голем седан кој влегува во Топ 10 најекономични автомобили за 2018 година. Станува збор за основниот модел со 2.5-литарски 4-цилиндерски мотор и 8-степен автоматски менувач. Моделот, исто така, има хибридна модификација која троши уште помалку гориво.

8. Toyota Corolla

Потрошувачка на гориво – градско возење 7,84 l / 100 km, надвор 5,88 l / 100 km.
Цена – 19.445 долари.

Станува збор за модификацијата Toyota Corolla LE Eco, опремена со 1.8-литарски 4-цилиндерски мотор кој може да се комбинира со различни преноси. Меѓу сите верзии достапни на американскиот пазар, потрошувачката на гориво кај оваа е најниска.

7. Ford Focus

Потрошувачка на гориво – градско возење 7,84 l / 100 km, надвор 5,88 l / 100 km.
Цена – 18.735 долари.

Најекономична верзија на компактниот модел е верзијата со EcoBoost 1-литарски 3-цилиндерски мотор. Американската агенција истакнува дека овој Ford Focus е еден од идеалните компактни автомобили за надвор од градските средини.

6. Nissan Versa

Потрошувачка на гориво – градско возење 7,59 l / 100 km, надвор 6,03 l / 100 km.
Цена – 12.995 долари.

Компактниот четиривратен Nissan Versa е најевтиниот нов автомобил кој се продава во САД. Автомобилот е достапен со CVT пренос и 5-брзински мануелен пренос, со кој потрошувачката на гориво е малку повисока.

5. Toyota Yaris iA

Потрошувачка на гориво – градско возење 7.35 l / 100 km, надвор 5,88 l / 100 km.
Цена – 16.845 долари.

Тојота Yaris iA е истиот компактен седан кој е достапен и во други земји низ светот под името Mazda2. Моделот е опремен со 1.5-литарски 4-цилиндерски мотор. Автомобилот доаѓа со богата и современа опрема што го прави да изгледа како многу поскап автомобил.

4. Hyundai Elantra

Потрошувачка на гориво – градско возење 7.35 l / 100 km, надвор 5.88 l / 100 km.
Цена – 17.835 долари.

Во рангирањето на 10-те најекономични автомобили за 2018 година се појавува верзијата на корејскиот седан Hyundai Elantra со 1.4-литарски 4-цилиндерски турбо агрегат и 7-брзински автоматски менувач. Сите други модификации на компактниот автомобил трошат малку повеќе гориво.

3. Honda Civic

Потрошувачка на гориво – градско возење 7.35 l / 100 km, надвор 5.6 l / 100 km.
Цена – 19.730 долари.

Американската агенција посочува дека не станува збор за базниот Honda Civic, туку за модел со 1.5-литарски турбо агрегат. Исто така за забележува дека верзијата со 2-литарски мотор претендира да биде еден од најекономичните автомобили на локалниот пазар.

2. Honda Fit

Потрошувачка на гориво – градско возење 7,13 l / 100 km, надвор 5.88 l / 100 km.
Цена – 17.080 долари.

И покрај својата скромна големина, Honda Fit е простран и практичен. Во класификацијата влегува верзијата опремена со 1.5-литарски 4-цилиндерски мотор и CVT пренос. Се забележува дека а модификација со механички менувач троши малку повеќе гориво.

1. Mitsubishi Mirage

Потрошувачка на гориво – градско возење 6,36 l / 100 km, надвор 5,47 l / 100 km.
Цена – 14.260 долари.

Најекономичниот автомобил за 2018 година на американскиот пазар е компактниот Mitsubishi Mirage. Под хаубата се наоѓа 1.2-литарски 3-цилиндерски мотор впарен со CVT трансмисија.