Тинејџерите сеуште луди по iPhone, а возрасните?

0

Додека тинејџерите и понатаму го преферираат Apple и неговите телефони, оние кои се малку постари и не се толку фасцинирани со логото на јаболкото, повеќе сакаат Samsung Galaxy S8.

Истражувањата спроведени во текот на изминатите неколку години во САД покажале дека сеуште меѓу тинејџерите најпопуларни се телефоните на iPhone – според едно истражување од почетокот на оваа година, дури 76 проценти од 5 и пол илјади испитаници веќе се сопственици на iPhone. Исто така, за повеќе од 80 отсто од тинејџерите, iPhone треба да биде следниот паметен телефон за купување, додека во истото истражување една година порано оваа бројка била 75 проценти.

Последната анкета, која неодамна била спроведена од страна на компанијата Ebates и е поврзана со божикните подароци, ја потврдува популарноста на телефоните на Apple помеѓу тинејџерите, но во исто време покажува дека оние постарите и не се така луди по Apple и ја преферираат водечка компанија на пазарот на мобилни телефони – Samsung. Во спроведената анкета, било поставено прашање за тоа кој телефон луѓето сакаат да го добијат под елка како празничен подарок, а во одговор биле понудени новите телефони на Apple (iPhone X, 8 и 8 Plus) и Samsung Galaxy S8.

Додека повеќето млади луѓе како најпосакувани телефони ги избрале iPhone X и iPhone 8, се покажало дека постарите луѓе не се толку опседнати со логото на Apple и iPhone, а повеќето од нив како подарок го сакаат најновиот модел од Galaxy S серијата на Samsung.

Ова се интересни резултати, сметаат од US Today, со оглед на тоа што постарите имаат повеќе пари од тинејџерите и можат да си дозволат телефон како iPhone X чија цена е илјада долари, додека Samsung Galaxy S8 е поевтин речиси 300 долари.



Loading...
Споделете.

Оставете одговор

Translate »