Thunder Power – Kонкуренција на Tesla од Тајван

0

Актуелниот автомобилски салон во Франкфурт јасно покажа едно нешто – на производителите на автомобили им е здосадено Tesla Motors од Калифорнија без конкуренција да доминира во сегментот на луксузни електрични возила, па оваа година на саемот се појавија голем број на потенцијални ривали кои сакаат дел од колачот. Меѓу нив е и популарниот Thunder Power седан од Тајван.

2015-thunder-power

Porsche го претстави електричниот концепт Mission E, Audi се пофали со електричен кросовер концепт e-tron quattro, но сепак, симпатиите на посетителите ги однесе Thunder Power седан моделот презентиран од страна на компанија за алат од Тајван.

Спецификациите се импресивни – погон на задните тркала со 308 или 429 KS, а со полна батерија автономијата е 643 km. Во случај на кратко полнење од 30 минути, автономијата е околу 300 километри.

Забрзувањето до стотка е до под пет секунди, а најмоќната верзија на моделот има максимална брзина од 250 km/h.

Ако се прашувате од каде се интересните лини на овој еколошки ѕвер, за нив била задолжена славната италијанска дизајн куќа Zagato, а покрај овој модел, во плановите на тајванската компанија е и тркачки модел Thunder Power Racer.

Иако изгледа како концепт, тајванската компанија инсистира на тоа дека станува збор за сериски модел кој во Европа ќе започне да се продава во 2017 година.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[contact-form-7 404 "Not Found"]

 



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »