Компанијата Tesla минатата година забележа огромен скок на цената на акциите, но и рекордна загуба од 2,2 милијарди долари

Овој „минус“ е речиси 800 милиони долари повисок од загубите за 2016 година и покрај огромниот приход од 3.3 милијарди долари во последниот квартал.

За да работите бидат полоши, најголемиот приход е главно монетизацијата на депозитите што ги платиле идните купувачи на електричниот камион Semi и спортскиот Roadster.

Сепак, Елон Маск има и сопствена верзија според која се е во најдобар ред, а за лошиот резултат го обвинува недоволно добро организираното производство на Model 3.

Овој долго очекуван „народен“ електричен автомобил наместо 20.000 единици месечно, како што најави Илон Маск, достигна само 12% од ветената испорака или само 2.400 возила во четвртиот квартал.