Tesla ќе гради Gigafactory и во Европа

0

Елон Муск соопшти дека Tesla планира да произведува електрични автомобили и батерии и во втора Gigafactory која ќе биде изградена во Европа. Првиот човек на Tesla се сретнал со медиумите во Германија по повод купувањето на градежната компанија Grohmann Engineering, со помош на која треба да ги постигне своите цели од 500.000 автомобили годишно производство.

tesla-model-s

Муск потврдува дека главната задача на Tesla е навремено пазарно лансирање на новиот електромобил Model 3, додавајќи дека компанијата планира „сериозни инвестиции“ за развој на производствената стратегија, која генерално се заснова на „машини произведуваат машини“.

Според Муск инвазијата на Tesla на Стариот континент ќе стартува во моментот кога Model 3 ќе се качи на производна линија. Почетокот на производството треба да почне во средината на 2017, а кон крајот на истата година сериското производство на Model 3 веќе ќе мора да биде во полн замав.

Муск дури прогнозира дека долгорочно Tesla во Европа може да отвори уште две или три фабрики налик на Gigafactory во САД, а тие исто така ќе произведуваат електрични автомобили и батерии.

Gigafactory I е најамбициозниот проект на Tesla во моментов, а инвестицијата во гигантската фабрика за батерии е околу 5 милијарди долари. Во следните две или три години во фабриката треба да почнат да работат над 10.000 лица, кои до 2018 ќе произведуваат батерии со вкупен капацитет од 35 гигавати годишно. Тоа е еднакво на производството на батерии во целиот свет за 2014 година.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »