Светска премиера: Mazda6 за 2018 година / ФОТО

0

Mazda на автомобилскиот саем во Лос Анџелес ја претстави новата Mazda 6 за 2018 година, покажувајќи ги на публиката иновативните дизајнерски решенија, но и воведувањето на турбо бензински агрегати.

Моделот е чекор поблиску до премиум сегментот, затоа што од светските пазари сигналите за таа потреба беа сосема јасни. На пример, на австралискиот пазар, дури 61% од продажбата на Mazda CX-9 е со највисоко ниво на опременост. Како резултат на ваквата желба на клиентитете, новата Mazda6 воведува премиум моменти во листата, вклучувајќи и значителна доза на луксуз, промени во шасијата, како и турбо бензински мотор со волумен од 2,5 литри, токму од моделот CX-9. Достапноста на овој агрегат на сите пазари во светот не е потврдена.

Во салонскиот простор, очигледна е големата употреба на Nappa кожа на редизајнираните предни седишта, а тука се и Сен дрвените апликации, кои често се користат за производство на јапонски музички инструменти и мебел. Производителот тврди дека моделот има значително подобрена звучна изолација.

Во понуда ќе се најде и опрема како камери кои го покриваат целиот простор околу возилото, нови екрани со 7 и 8 инчи во дијагонала, мултимедијални системи и адаптивна контрола на крстарење. Опционално на листата на опрема се и многу системи за помош на возачот.

Најголемата иновација се однесува на воведувањето на уште еден погонски агрегат во понудата: SKYACTIV-G 2.5, кој обезбедува 170 kW (231 КС), со 420 Nm вртежен момент, а кој работи во комбинација со 6-брзински автоматски менувач.

Уникатниот Dynamic Pressure Turbo обезбедува брз прилив на моќнос од агрегатот со помош на мала влезен канал кој работи во содејство со секундарниот вентил кој се отвора на повисок број на вртежи за подобар развој на моќноста. Дополнително, 4-3-1 водот за воздушно испирање на цилиндрите спречува повратен притисок и овозможува машината слободно да дише.

Промени на шасијата придонеле за зголемување на оптимизираното ниво на односот комфор / стабилност. Производителот вели дека го подобрил системот за управување во смисол одзив и чувство на воланот.
Модернизацијата на системот за потпирање придонесува за понежно совладување на нерамнини, додека SKYACTIV шасијата станала торзионо поцврста за да се подобри динамиката на возење. Промените на суспензијата вклучуваат корекции на геометријата со цел да се овозможи колку што е можно понеутрално однесување.

Недостатокот на бензински агрегати кои можат да обезбедат спортско чувство, отсекогаш биле недостаток на Mazda6. Сега овој недостаток е елиминиран.

 ФОТО ГАЛЕРИЈА

Очекуваната цена за новината е нешто повисока во однос на моделот пред заминување во „пензија“.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »