Светска премиера: Jeep Wrangler за 2018 година / ФОТО

0

Jeep на штотуку започнатиот саем во Лос Анџелес ја претстави новата генерација на својот легендарен теренец

Американскиот производител објави серија на фотографии и технички детали за новиот Wrangler, кој благодарејќи на употребата на алуминиум е полесен околу 90 килограми од својот претходник, а во исто време конструкцијата на возилото е поцврста од претходно.

Дизајнот на екстериерот и ентериерот и не е многу изненадувачки, бидејќи производителот се држел до докажаната формула со минимална стилска модернизација.

Погонската гама која е претставена во Лос Анџелес очекувано да се состои од два бензински мотори, со оглед дека премиерата е одржана на американска територија. Во иднина, на некои светски пазари, пред се во Европа, ќе биде понуден и 3.0 литри дизелски агрегат.

Во однос на бензинските единици, тука е 3.6 V6 Pentastar со 285 КС и 353 Nm максимален вртежен момент. Овој мотор е спарен со 6-степен мануелен или 8-степен автоматски менувач.

Втората бензинска опција 4-цилиндерски 2.0 турбо мотор кој произведува 268 КС и 400 Nm и е достапен исклучиво во комбинација со автоматски пренос.

Треба да се напомене дека Wrangler со овој мотор има таканаречени „благи“ хибридни возила во чиј состав влегува и батерија од 48 волти и електричен мотор кој не е целосно независен, туку врши дел од задачите на моторот со внатрешно согорување (помага во текот на забрзувањето и ја подобрува работата на старт-стоп системот).

Како и претходно, корисниците ќе имаат можност да избираат помеѓу неколку различни верзии на Wrangler. Понудата ќе вклучува и верзија со тврд покрив, како и опции со покрив кој може мануелно делумно или целосно да се отстрани од возилото. Секако, достапна е варијанта и со мек покрив.

Vrangler ќе се продава во верзии со 2 и 4 врати. Пократкиот модел ќе биде достапен во нивоа на опрема Sport, Sport S и Rubicon, а подолгиот со четири врати во верзии Sport, Sport S, Sahara и Rubicon.

Како и сегашната генерација, новиот Wrangler најдобро подготвен за возење надвор од патот е во конфигурација Rubicon. Во оваа верзија е опремен со off-road гуми чиј надворешен дијаметар е 33 инчи, а тука се и заштитниот рол-бар систем во случај на превртување, масивните калници и унапредената суспензија.

Jeep се обиде да ја модернизира внатрешноста на Wrangler, така што сега корисниците го имаат на располагање најновиот Uconnect мултимедијален систем во комбинација со централен екран од 5, 7 или 8,4 инчи. Без оглед на тоа која опција од мултимедијалниот уред ќе се избере, автомобилот има CarPlay Apple и Android Auto функции за поврзување на smartphone уреди, како и WiFi hot-spot, 2 USB порти и 2 порти од 12V.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Новиот Wrangler прво ќе пристигне во салоните на домашниот пазар во САД, во јануари 2018 година, а цените се уште не се објавени.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »