Соработка со Volvo: Uber купува до 24.000 автономни автомобили

0

Потегот на Uber е уште еден доказ за насоката во која се движи автомобилската индустрија – целосно автономни возила кои нема да имаат потреба од возачи.

Uber радикално го пазарот на такси услуги, а работењето на оваа компанијата во многу земји го следеа протести и големи критики од страна на класичните таксисти, но се чини дека појавата на Uber е само прв чекор кон неизбежното сценарио во кое повеќето или сите таксисти на крајот ги губат своите работни места. Автомобилската индустрија полека, но сигурно се движи кон иднината во која нема да има место за возачи, туку возилата целосно ќе бидат управувани од компјутери – Uber (како и многу други автомобилски и технолошки компании) веќе започна со тестирање на овие возила во САД, а деновиве објави дека планира да купи до 24.000 автономни возила од Volvo.

Ова претставува и официјалната транзиција на Uber од компанија која овозможува повикување на такси преку апликација во сопственик и оператор на возниот парк, коментираа од Reuters за овој потег на Uber. Исто така, ова е уште еден потсетник за сите оние кои мислат дека автономните возила и компјутерите кои управуваат со автомобили се некоја далечна иднина – технологијата е веќе толку развиена (но мора да ја следат и прописи), да почетокот на комерцијална употреба на таквите возила е прашање на година. Uber, како и други големи компании кои се свесни за тоа, сака да ја преземе лидерската позиција што е можно поскоро со цел да доминира на овој пазар во вредност од милијарди долари во иднина.

Од Geely, кинеската компанија која го купи Volvo, веќе најавија дека ќе го снабдат Uber со модели XC90 опремени со автономни технологија во периодот помеѓу 2019 и 2021 година, а автономниот систе кој ќе се наоѓа во тие автомобили моментално го развива Uber Advanced Technologies Group. Uber веќе ги тестира овие возила повеќе од една година, и ако навистина одлучи да ги купи сите 24.000 возила, тоа ќе биде најголемата нарачка за Volvo досега и генерално најголемата нарачка за автономни возила. Почетната цена на XC90 е околу 50.000 долари – финансиски детали од договорот помеѓу Volvo и Uber не се објавени, а Financial Times предвидува дека вкупната бројка би можела да изнесува 1,4 милијарди долари.

Теоретски, кога некој во иднина ќе повика такси на Uber преку апликација, по него ќе дојде автомобило во кој ќе нема возач – во сите претходни тестирања на автономни возила во автомобилот секогаш имало барем еден човек подготвен да ја преземе контролата ако има проблем. Сепак за целосна автономија и возила кои нема да имаат возачи ќе треба да се променат и законите.

Треба да се напомене дека ниту конкуренцијата на Uber не спие. Неодамна компанијата Lyft потпиша договор за партнерство и соработка со (Google) WAYMORE, Ford и две стартап компании за развој и употреба на автономни возила во нивната такси флота.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »