Škoda станува премногу конкурентна за Volkswagen

0

Škoda последните неколку години на многу пазари сериозно се закани на својот матичен бренд Volkswagen, па токму затоа германската компанија разгледува опции со кои чешкиот бренд би станал помалку конкурентен.

Од 1991 година, кога Volkswagen ја презеде тогаш скоро „паднатата“ Škoda, чешкиот производител напредува од година во година.

Škoda денес работи многу успешно, со постојан раст на добивката и бројот на продадени возила, а менаџерите и синдикатите на Volkswagen се вознемирени, бидејќи чувствуваат загрозеност од чешкиот производител кој е дел од заедничката автомобилсска групација.

Volkswagen по дизел скандалот во 2015 година е принуден на постојано кратење на трошоците, а во моментов Škoda е многу профитабилна и има подобар имиџ во медиумите и јавноста. Како што соопштува агенцијата Ројтерс, Volkswagen сака да ограничи некои од предностите кои Škoda ги има во однос на брендот родител, кој во Volkswagen веруваат дека се нефер.

Ова се однесува пред се на фактот дека Škoda добива развиена германска технологија, а истовремено работниците се помалку платени од оние во фабриките на Volkswagen, што овозможува да се има повисок профит.

VV затоа ја разгледува можноста за преместување на дел од производството на Škoda во Германија, каде што работниците се платени повеќе, што, според Volkswagen, е поправедна компензација за технологиите што ги делат со Škoda.

Ако се случи такво нешто во Volkswagen веруваат дека тоа ќе ја зајакне нивната позиција како главен и најважен бренд во рамките на групата, во пресрет на офанзивата на нови електрични модели кои се планираат до 2025 година.

Меѓу другото, VW, поради мерките за штедење во моментов се соочува со можно затворање на илјадници работни места во Германија, но моќните домашни синдикати решението го бараат во пренесување на дел од производството на Škoda во германските фабрики на Volkswagen чии капацитети не се целосно искористени поради помалата побарувачка за новиот Passat и Golf од седмата генерација.

Во исто време, од Škoda се бара да плати повеќе за тоа што ја користи механичката MQB платформа на Volkswagen, која ја делат голем број на модели од групата VW.

Škoda неодамна достигна уште еден значаен јубилеј во својата историја долга повеќе од еден век. Од фабричките ленти беше симнат 20 милионитиот автомобил на компанијата – примерок од SUV моделот Karoq, последниот модел во гамата на Škoda.

Иако автомобили произведува од далечната 1905 година, чешкиот производител доживеа неверојатна експанзија дури од 1991 година, кога стана дел од групацијата Volkswagen. Дури 15 милиони се направени во последните 25 години.

Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »