Škoda планира пет електрични модели до 2025 година

0

Чешката марка сака да лансира пет чисто електрични модели до 2025 година.

Škoda потврди дека ќе ја продолжи традицијата производството на најважните модели да биде во Млада Болеслав, главната фабрика во Чешка, каде што од производствените линии ќе се симнуваат идните EV модели, почнувајќи од 2020 година Една година порано, Чесите ќе почнат со производство на електрични компоненти за plug-in и хибридните модели од портфолиото на VW Group.

Електричната офанзива на Škoda започнува со PHEV верзија на сегашната генерација на Superb, по што ќе следи и електрификација на Kodiaq. Двете возила ќе користат хибриден систем кој се состои од 1.4-литарски турбо бензински мотор во комбинација со електромотор од 85 kW, што вкупно значи 217 КС.

Во 2020 година, Škoda ќе биде подготвена да го лансира својот прв електричен модел, чиј претходник е концептот Vision E. Ова ќе биде третиот EV модел од групацијата Volkswagen базиран на платформата МЕВ, по двата електрични модели од Volkswagen и Audi.

Електро програмата ќе продолжи со најскапата Škoda некогаш, електричното SUV купе, позиционирано помеѓу Karoq и Kodiaq. Се очекува моќност од околу 300 КС.

Од другата страна на електричната гама, чешкиот производител ќе лансира ценовно прифатлив хеџбек. Тоа всушност ќе биде VW I.D. со друга значка (се шпекулира со оживување на името Felicia). До 2025 година, линијата на електрични модели ќе се зголеми за уште два члена, компактен кросовер и спортски автомобил, за кој се верува дека ќе биде духовен наследник на класичната Škoda 110R.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »