Што вози најбогатиот човек во светот?

0

Основачот на Amazon, Џеф Безос неодамна официјално стана најбогат човек во светот, чие богатство се проценува на 110 милијарди долари

Сепак, и покрај огромната заработена сума на пари, тој е доследен на своите принципи со кои го стекнал ова богатство, а со тоа и на својот „обичен“автомобил.

„Направете повеќе со помалку“, е мантрата која Безос постојано ја повторува и на неговите вработени во Amazon.

Безос вози Honda Accord од 1999 година кога во популарната емисија „60-минути“ има изјавено дека „Ова е совршено добар автомобил“.

Пред моделот на Honda, Безос возел уште еден економичен автомобил во Сиетл, каде што е седиштето на Amazon – Chevy Blazer од 1987 година.

„Возев пакети во пошта и сонував дека еден ден да имам вилушкар“, вели Безос, основач на Амазон во 1994 година, откако дал отказ на своето работно место во Вол Стрит.

Се започнува со online продажба на книги, со само десетина вработени, за да веќе во 1997 година Amazon има вредност од 12 милијарди долари. Денес, Amazon вреди 600 милијарди долари.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »