Што тестира Bugatti Chiron на Нирбургринг? / ВИДЕО

0

Bugatti испораките на Chiron ги започна уште во март. Се поставува реално прашање, зошто хипермоќното купе сега тестира на Нирбургринг?

А потенцијални одговори има повеќе. Можно е да се тестираат компоненти за верзијата Super Sport, да се проучуваат нови гуми, да се подготвува обид за напад на брзински рекорд или едноставно се работат на некои модификации на стандардниот модел.

Наследникот на Veyron сигурно нема да добие рестилизација како конвенционалните модели, но дури и најдобрата работа на светот секогаш може да се направи дури и подобра, па така и овој хиперавтомобил со 1.500 КС.

Иако на прв поглед се чини идентичен со серискиот Chiron, тест возилото има неколку видни промени. Фотографија од истиот прототип се појави и на социјалната мрежа Фејсбук, каде е забележлива поедноставна поставка на предните светла, со два наместо четири квадрати. Дури би можело да станува збор за халогени наместо LED светла.

Друга важна промена се седиштата, иако сосема e вообичаенo тест моделите да имаат тркачки седишта, кои подоцна се заменуваат со поконвенционални решенија.

Се чини дека тоа е премногу рано за верзијата Super Sport, но Bugatti сигурно знае зошто е на Нирбургринг. Марката од Молсхајм вети дека ќе го нападне сопствениот брзински рекорд следната година, па затоа сосема е можно дека возењето на Нордшлајфе е дел од подготовките.

Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »