Шпионски фотографии од новиот Focus

0

Третата генерација на Focus во продажба се наоѓа од 2011 година, па сосема е логично што Ford ја подготвува следната серија на овој модел со цел да остане во чекор со другите производители. Можеби најголемиот ривал на Golf ќе имаат малку поинаква надворешност од онаа на која сме навикнати – Ford соопшти дека новиот Focus ќе има форма на купе.

Што се однесува до предницата, тука и понатаму е старомодната поставка на LED светлата. Иако не може со сигурност да се тврди поради добрата камуфлажа, се чини дека димензиите на новиот Focus се малку зголемени.

Ова води до внатрешноста на автомобилот. Поголемо растојание меѓу тркалата ќе резултира со поголем простор за нозете, особено за патниците во задниот дел. Земајќи ја во предвид конкуренцијата, време е Ford да направи нешто околу тоа. Истото се однесува и на багажниот простор, кој е доста мал во споредба со, да речеме, Škoda Octavia, која има багажен волумен од 590 литри со задните седишта во нормала.

Прототипот од фотографиите, има голем број на немонтриани делови во внатрешноста, но може да се види дека инфозабавниот систем SYNC 3 ќе биде во иста позиција како и во Fiesta. Всушност, се чини дека целиот контролен панел речиси е целосно копиран од тој автомобил. Мора да се остави резерва, дека се ова е само замајување, а вистинскиот изглед ќе го видиме кога автомобилот ќе биде комплетно готов.

Имено, Ford се фокусира на тоа во новиот автомобил да внесе повеќе технологија од било кога. Дали ќе добие сосема нови делови или не, останува да се види. Што се однесува до моторите, се проценува дека новиот 2-литарски модел ќе има околу 275 коњски сили.

Останува да се види кога новата генерација на Ford Focus ќе ја има својата премиера, иако се претпоставува дека тоа ќе се случи на саемот за автомобили во Детроит.

Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »