Шлеп служба на Марс: UAZ е подготвен да ја извади TESLA од проблеми на Марс

0

Tesla полета во вселената, а според Русите, без соодветна техничка поддршка, што отвора простор за нов „вселенски” судир меѓу двете суперсили

Уљановскиот автомобилски завод (UAZ) се понуди да се најде при рака кога ќе дојде до можни компликации по Tesla.

Всушност, тие на лансирањето на најновата ракета носач Falcon Heavy со која во вселената замина и електричниот автомобил на Тesla, одговараат на многу хумористичен начин.

На слика објавена на страницата на UAZ на социјалната мрежа VKontakte е покажан автомобилот на Tesla кој пристигнува на Марс, но, на површината на „црвената планета“ веќе се наоѓа возило на UAZ.

„Кога Tesla конечно ќе пристигне на Марс, некој ќе мора да го извлекува од кратерите“, се вели во описот на фотографијата. „UAZ е подготвен, батериите наполнети, …“.



Loading...
Споделете.

Оставете одговор

Translate »