Дитер Зече, првиот човек на Mercedes, уште еднаш успеа да го привлече вниманието на медиумите во Детроит

Имено, на средба со припадниците на седмата сила во рамките на салонот за автомобили во Детроит каде Зече зборувал за новата G-класа, меѓу другото, посочил четири автомобилски икони. Тоа се Ford Mustang, Porsche 911, Jeep Wrangler и Mercedes 300 SL повеќе познат под прекарот Gullwing. Интересно е што меѓу четирите икони е вклучен само еден модел на Mercedes.

Ова не е првпат Зече да биде во центарот на вниманието на новинарите. Пред неколку дена изјави дека сака Mercedes да освојува шампионати во Формула 1 во последната трка со разлика од еден бод. „Никој не сака да гледа доминација, луѓето сакаат борба“. Шефот на Mercedes се согласува, меѓу другото, и со првиот човек на FCA, Серџо Маркионе, дека новите правила за повеќе производители на мотори во Ф1 се многу опасни и ќе доведат до непотребна трка во секторот на развој кај произведувачите.

Дитер Зече како да е малку порелаксиран од повеќето негови колеги, а во професионалната јавност ќе биде запаметен по серија фотографии од средината на минатата година дека кој го закачи на својот профил на LinkedIn. Проблемот е што Зече е фотографиран пред, тогаш сеуште само, камуфлираната нова А-класа. Запрашан од новинарите зошто го сторил тоа, шефот на Mercedes одговори во шега дека сака да им ја украде работата на голем број нивни колеги.