Сензацијата пристигнува: Lamborghini Urus доаѓа во почетокот на декември

0

Италијанскиот бренд Lamborghini и официјално потврди дека нивниот нов SUV модел, Urus, официјално ќе биде лансиран на специјално организиран настан во Сант Агата Болоњезе, Италија, на 4-ти декември оваа година.

Италијанскиот производител ветува дека нивниот SUV модел ќе има неверојатна моќност и вртежен момент, но и различен дизајн. И не само тоа… автомобилот ќе биде многу способен на сите терени, вклучувајќи песок, па со самото тоа ќе претставува класа сам за себе.

Италијанскиот Lamborghini воедно нè потсетува дека во минатото е произведен и еден друг SUV, LM002, чие производство е застанато пред точно 25 години. Она што како проект за развој на перформантно теренско возило за армијата е започнато кон крајот на седумдесеттите години, една деценија подоцна, конечно добива облик.

Моделот LM002 имал каросерија од алуминиум и фиберглас, а под хаубата се наоѓал Quattrovalvole Countach V12 погонски агрегат кој произведувал 450 КС, погон на сите тркала и три различни диференцијали. Неговата максимална брзина на асфалтот била повеќе од 200 километри на час.

Што се однесува до неговиот модерен наследник, Urus ќе има стандарден V8 biturbo агрегат со волумен од 4-литри, кој произведува 650 коњски сили, што е веројатно доволно за да стане најбрз SUV на патеката Нинбургринг. Исто така е важно дека овој модел своја хибридна верзија ќе добие веќе во 2019 година.

По официјалната промоција, Urus ќе биде достапен по цена од 200.000 долари, а се очекува да бидат произведени околу 1.000 примероци следната година. До 2019 година треба да се произведат вкупно 3.500 примероци.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »