Семејни проблеми или само шпекулации – Porsche бара надомест на штета од Audi?

0

Ниту една од компаниите засега не сака да ги коментира наводите

Откако стана јасно дека Škoda како компанија се повеќе станува внатрешна конкуренција, а со тоа и проблем за Volkswagen, стигнува уште една информација, иако нема официјална потврда, за изненадувачки потег од страна на Porsche, кој има за цел компензација во износ од 235 милиони долари од Audi, поради, како што е наведено, трошоци предизвикани од дизаелгејт.

Иако ништо не е официјално, германскиот весник Билд објави дека производителот на спортски автомобили веќе испратил писмена жалба на луѓето од Audi. Сепак, во написот не се наведува изворот на оваа информација.

Porsche има поднесено барање за надомест на штета врз основа на тоа што 3-литарскиот V6 дизел мотор од Audi, кој имал вграден софтвер за мамење на тестовите на емисија на штетни гасови, е вградуван во претходната генерација на моделот Cayenne, што пак е причина за повлекување на околу 22.000 возила.

Наводно, Porsche бара компензација од Audi, поради трошоците за сервисирање на овој мотор, консултации со адвокати, и компензација на сопствениците на тие 22.000 возила. Ниту една од двете компании засега не сака да ги коментира тврдењата.

Токму поради оваа причина, односно поради скандалот дизелгејт, Porsche ќе сочека со продажба на дизел моторите во новата генерација на Cayenne. Имено, оваа генерација на Cayenne ќе биде последен автомобил на компанија Porsche, кој ќе добие дизел мотор, бидејќи компанијата планира да се движи кон електрификација и монтажа единствено на бензински мотори.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »