Samsung претстави батерии за автономија од 700 km

0

Samsung се почесто изложува на автомобилските саеми, а оваа година во Франкфурт пристигна со нов сет на батерии за електрични автомобили

Ова е резултат на долгогодишното истражување на технологијата за складирање на електрична енергија, како и инвестицијата за изградба на три нови фабрики за батерии, од кои првата веќе целосно функционира. Претставениот пакет се состои од 20 модули кои можат да соберат во себе доволно енергија за автомобилите од висока класа да имаат автономија од 700 километри. За помали модели на автомобили предвидена е инсталација на 10 модули, со што пропорционално се намалува и капацитетот.

Воедно, Корејската компанија соопшти дека ќе инвестира 75 милиони евра во австриската компанија со седиште во Виена – TTTech, која е снабдувач со технологија за автономни возила на Audi и некои други авто компании.
Веста за инвестицијата на Samsung во една од партнерските фирми на Audi, доаѓа откако Корејците го завршија преземањето на американскиот производител на автомобили, Harman.

Samsung објави дека во рамките на Harman формирал работна единица која ќе се занимава со развој на автономни возила и напредни електронски системи за помош при возење.

Инвестицијата во виенскиот TTTech е првата таква инвестиција на Samsung од фондот од 300 милиони долари (околу 250 милиони евра), кој компанијата го намени за унапредување на технологијата на самовозечки автомобили, вештачката интелигенција и безбедносните системи.

Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »