Samsung до фановите на Apple: „Пораснете и надградете се на Galaxy“

0

Со новата реклама, објавена во исто време со почетокот на продажбата на iPhone X, Samsung на фановите на Apple им порачуваат „пораснете и надградете се на Galaxy“.

Почетокот на продажбата на најдобриот iPhone, како што сме навикнати и претходните години, беше обележана со големи редици пред продавниците на Apple, а илјадници фанови на овој gadget чекаа со часови, некои со денови, за да бидат меѓу првите кои ќе го имаат производот на компанијата со се одбележува десет години од е првиот модел на iPhone. Но има уште една работа која е белег на почетокот на продажбата на телефон од Apple – рекламите на Samsung во кои се исмејуваат фановите на компанијата на Кук, бидејќи повеќето од новите функции кои ги носат новите генерации на iPhone, Samsung веќе ги вовел во претходните модели на своите телефони.

На пример, најголемиот новитет што Apple го претстави со новиот iPhone X (екран без рамка и безжично полнење), на телефоните на Samsung веќе го има, а со видеото кое го објави официјалниот профил на американскиот оддел на Samsung на Twitter е придружен со пораката „пораснете со надградба на Galaxy“, од оваа компанија во една минута покажуваат како нивните телефони во последните неколку години се чекор-два пред Apple – барем што се однесува до одредени опции на располагање.

Погледнете ја рекламата на Samsung.




Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »