Роси барем еден месец надвор од патеките

0

По операцијата која беше извршена помеѓу четвртокот и петокот, седумкратниот шампион во MotoGP се чувствува подобро.

Роси по пад на мотокрос тренинг се здоби со скршеници на тибијата и фибулата на десната нога. Операцијата завршила добро, и се очекува дека Роси да може да се врати на патеката по најмалку 30-40 дена.

„Операцијата мина добро. Утрото, кога се разбудив, се почувствував веќе подобар. Би сакал да им се заблагодарам на вработените во Ospedali Riuniti во Анкона, а особено на докторот Паскарела кој ме опеираше. Жалам за инцидентот. Сега сакам да се вратам на мојот мотор што е можно поскоро. Ќе дадам се од себе за да го направам тоа!“, напиша Роси по операцијата

Ова значи дека Роси сигурно ќе ги пропушти трките во Арагон и Мизано со што веројатно се простува од амбициите за тронот на крајот од сезоната. „Докторот“ е моментално четврти во генералниот пласман на Мото ГП, а зад сонародникот и лидер во шампионатот, сонародникот Довициозо, заостанува 26 поени.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »