Резултати од најновите Euro NCAP краш тестови / ВИДЕО

0

Пет звезди за безбедност за Seat Arona, VW T-Roc, Skoda Karoq, Vauxhall/ Opel Crossland X, Volvo XC60, Citroen C3 Aircross i Mitsubishi Eclipse Cross.

Новиот Seat Арона доби највисоки оценки, постигнувајќи резултат од дури 95 проценти на тестот за безбедност на патниците, а 77 проценти на безбедносниот тест за пешаците. Сопственикот на Seat, Volkswagen, исто така, постигнал одлични резултати со новиот кросовер, моделот T-Roc, како и со новото Polo.




Уште една компанија во сопственост на VW Group, Škoda, исто така, освоила пет ѕвезди со моделот Karoq.


Пет ѕвезди исто така освоил и новиот Volvo XC60, кој сеуште е еден од најбезбедните автомобили во светот, со дури 98 проценти од безбедносниот тест за патниците, со помош на голем број автономни безбедносни уреди и технологија која влегува во стандардна опрема.


Citroen C3 Aircross и Opel Crossland X исто така постигнале високи резултати. Единствениот не-европски производител кој добил пет ѕвезди во овој тура на тестови е Mitsubishi со моделот Eclipse Cross.






Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »