Револуција во Moto GP – мотори на „батерии“?!

0

Светот на мотоциклите каков што го познаваме наскоро би можел да се промени со воведување на електрични мотоцикли во наредните години

Меѓународната мотоциклистичка федерација (FIM) размислува за промена на погонот на мотоциклите во наредните години, а за прототип единиците ќе биде задолжена Енергика, вели претседателот на Дорна и претседателот на ФИМ, Вито Иполито.

Шест фабрики биле во конкуренција за оваа позиција, а моторите ги тестирал Лоренс Капироси.

„Во оваа фаза од развој на технологијата, тие се најнапредни, тие се Tesla во светот на мотоциклите и италијанската влада повеќе или помалку ќе ги промовира таквите активности“, вели Иполито.

ФИМ за овој потег се одлучува од еколошки причини, но целиот процес е сеуште во почетна фаза.

„Постојат автомобили кои користат дизел мотори за дополнување на батериите, што нема многу смисла“, вели Иполито. Во текот на следната година, подетално ќе се влезе во спортските и техничките регулативи.

Посериозни тестирања ќе има во 2019 и 2020 година, бидејќи, како што се наведува, пазарот на електрични автомобили за продажба е повеќе развиен од пазарот за мотоцикли.

Овие промени би можеле да ги вклучат Moto 2, Moto 3, но и MotoGP.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »