Револуциja или не: AI го победи човекот на тест за читање

0

Вештачката интелигенција (AI) ги победи луѓето на тест за читање организиран на Универзитетот Стенфорд

Програмата за вештачка интелигенција развиена од кинескиот гигант за електронска трговија Alibaba ја постигна првата победа воопшто на една машина над човек во оваа област.

Тестот го дизајнирале експерти за вештачка интелигенција Универзитетот во Стенфорд со цел мерење на компјутерската способност за читање.

Луо Си, главен научник за обработка на природен јазик во Одделот за истражување на вештачката интелигенција во Alibaba, оваа пресвртница ја нарекува „голема чест“. Сепак, признава дека во иднина значителен број на работници ќе ги загубат своите работни места поради машините и компјутерите.

„Оваа технологија може постепено да се примени на голем број задачи, како што се службата за корисници, музејски водичи и интернет одговори на прашања од пациенти за медицински проблеми, што ќе ја намали потребата за човечка активност“, оценува Луо.

Alibaba веќе искористил таква технологија за време на празниците, користејќи компјутери за да одговори на голем број прашања упатени до нејзината служба за корисници.

Пранав Рајпуркар, еден од истражувачите од Стенфорд кој учествувал во развојот на тестот за читање, на Twitter објави дека делото на Alibaba претставува одличен почеток на 2018 година за вештачката интелигенција.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »