Рестилизација за најважниот модел во гамата – Mercedes C-class / ФОТО+ВИДЕО

0

Најпродаваниот модел на Mercedes-Benz добил промени како на стилски така и на технолошки план

Освежени се како седан така и караванската верзија. По четири години продажба на актуелната C-класа, германскиот премиум производител го рестилизираше најважниот модел во својата моделна гама.

Промените во екстериерот вклучуваат нови LED фарови, за кои во Mercedes велат дека се состојат од 84 независнo управливи извори на светлина кои автоматски го менуваат светлосниот зрак во зависност од ситуација до ситуација.

Внатрешноста не е значително променета, но тука се нови содржини преземени од најлуксузниот модел на Mercedes, S-Class, вклучително опционалната 12,3 инчна дигитална инструмент табла со 1920 x 720 пиксели.

Тука е и новиот мултифункционален управувач со команди чувствителни на допир, како и унапреден touchpad, преку кој се управува со мултимедијалниот систем.

Од Mercedes соопштија дека корисниците на располагање имаат подобрен heаd-up дисплеј и нов опционален 10,25-инчен екран за мултимедијалниот систем.

Подобра е понудата и за навлаките за седишта односно тапацирот, а опсегот на гласовни команди е проширен и вклучува греење на седиштата.

Mercedes C-класа за 2019 е опремен со најновите системи за асистенција, кои овозможуваат полуавтономно возење, во одредени ситуации и на одредени делови од патот. Ова се постигнува благодарение, меѓу другото, на новата камера и радарот кои на автомобилот му овозможуваат да „гледа“ и до 500 метри напред.

Според објавата од Mercedes, C-Class во Европа ќе биде достапен со нови бензински, дизелски и plug-in хибридни погонски агрегати.

Детали за моторизација засега не се познати, но соопштено е дека во понудата ќе биде и новиот 4-цилиндерски 2.0 погонски агрегат со 258 КС (190 kW) и 370 Nm, споени со девет-брзински автоматски менувач.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Повеќе технички детали ќе бидат познати на почетокот од следниот месец по официјалната премиера на Женева мотор шоу.



Loading...
Споделете.

Оставете одговор

Translate »