Renault планира дури 21 нов модел до 2022 година

0

Францускиот Renault ја претстави својата официјална стратегија „Возете ја иднината” (Drive the Future), според која до 2022 година брендот на пазарот планира да пласира дури 21 нов модел.

Во планот влегуваат Renault, Dacia и ревитализираната марка Alpine. Целта на францускиот производител, како што вели првиот човек на групацијата Карлос Госн, е заедно до партнерите Nissan и Mitsubishi, да се зацврстат на позицијата најголем производител во светот до 2022 година.

Од најавените 21 модели, дури осум ќе бидат електрични. Од Renault објавија дека од оваа година ќе го зголемат буџетот на своето развојно одделение за цели 40% или вкупно 18 милијарди евра.

Исто така, Renault планира 80% од моделите на групацијата да бидат на иста платформа. Следната цел е експанзија надвор од Европа, со фокус на Бразил, Индија, Иран и Русија. Во следните пет години, Renault сака да продаде 5 милиони автомобили вон границите на стариот континент.

Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »