Range Rover за 2018 година / ФОТО+ВИДЕО

0

Land Rover објави фотографии и технички детали од рестилизираниот Range Rover за 2018 година. Новина е хибридната верзија со 404 коњски сили

Најлуксузниот модел во гамата на Land Rover добил полесни стилски интервенции на екстериерот и во внатрешноста, а на клиентите на располагање ќе им бидат и нови Pixel-laser LED предни и задни светла.

Во салонот, во понуда е новиот Touch Pro Duo мултимедијален систем со два 10-инчни екрани на допир екран. Инструмент таблата се состои од 12-инчен дигитален дисплеј, а на патниците им е достапен 4G Wi-Fi HotSpot како и неколку приклучници за полнење мобилни електронски уреди.

Тука се и новите предни седишта кои можат да се подесуваат во дури 24 правци, но и новите задни седишта, чии потпирачи за грб може да се навалат за 40 степени и имаат опција за масажа со 25 различни програми.

Важните промени се под хаубата, бидејќи постоечката моторизација сега вклучува и plug-in хибриден погонски систем составен од 4-цилиндерски 2.0-литарски бензински мотор, електромотор и пакет литиум-јонски батерии со капацитет од 13.1 kWh. Вкупната комбинирана моќност на хибридниот систем е 404 КС (297 kW), додека максималниот вртежен момент е 640 Nm.

Range Rover во хибридна варијанта до стотка стигнува за 6,8 секунди пред да развие максимални 220 km/h. Автономијата само на електрична енергија е 50 километри.

За оние кои сакаат уште помоќна машина, Land Rover нуди подобрен Range Rover SVAutobiography Dynamic со 5.0-литарски V8 бензински мотор со компресор. Оваа верзија има 565 КС (415 kW) и 700 Nm.

Range Rover за 2018 година во продажните салони треба да стигне до крајот на годината.

ВИДЕО

Loading...
Споделете.

Напишете коментар

Translate »
%d bloggers like this: