Производителите на автомобили веќе со барања до Доналд Трамп

0

Производителите на автомобили од новиот претседател на САД бараат да го врати претходниот стандард во однос на потрошувачката на гориво. Воедно, компаниите бараат асистенција во справувањето со држави како Калифорнија, кои сакаат да спроведат закон за обврзителна нулта емисија на штетни гасови.

trump

Доналд Трамп е новиот претседател на САД (иако официјално функцијата ќе ја преземе од 20 јануари 2017 година), а автомобилската индустрија веќе се сврте кон него со желби и прашања. Лоби групата „Сојуз на производители на автомобили“, испрати писмо до транзицискиот претседателски тим барајќи ревизија на претходно предложената регулатива која се однесува на потрошувачката на гориво и емисиите на издувни гасови за 2025 година.

Алијансата смета дека форсирањето на ефикасни возила донело повисоки трошоци за клиентите. Оваа група сака повторно разгледување на целосната регулатива поврзана со автомобилте од 1 септември.

Одредбите за животната средина веќе се поставени за периодот до 2021 година, а владата сега ја анализира состојбата од 2022 до крајот на 2025 година. Ако планот на Алијансата биде успешен, тогаш би можело да се случи да нема дополнителни измени. Покрај тоа, групата сака да ги соедини правилата во врска со возилата со нулта емисија. Државата Калифорнија е предводник на планот 15 отсто од испораките на нови автомобили да бидат со нулта емисија на штетни гасови, а уште десет држави ја поддржуваат оваа иницијатива.

Сојузот на производители на автомобили претставува 12 компании, вклучувајќи ги BMW Group, Fiat Chrysler Automobiles, Ford Motor Company, General Motors, Jaguar Land Rover, Mazdа, Mercedes-Benz, Mitsubishi Motors, Porsche, Toyotа, Volkswagen Group of America и Volvo Cars USA.

Доналд Трамп баш и не е голем сојузник на автомобилската индустрија. Иако е против сегашната регулатива, тој сепак се заканува со повисоки даноци за американските производители кои увезуваат возила од Мексико.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »