Прогласени добитниците на Златен волан за 2017 година

0

Автомобилските фанови ширум светот гласаа и одлучија за овогодинешните добитници на вредните награди.

Наградата „Златен волан“ се доделува секоја година веќе со децении, поточно од 1978 година, а основач е германскиот Auto Bild. Врз основа на мислењата на читателите и експертите, наградата се доделува на автомобили кои се лансирани во претходните 12 месеци. Значи, автомобилите кои конкурираат за наградата се произведени оваа година и треба да се класифицираат во една од категориите, од мали автомобили до големи теренци, а меѓу другите тука е и категоријата „Најубав автомобил“.

Најдобар мал автомобил: Opel Ampera E

Во категоријата на мали автомобили во која влегуваат голем број на традиционални хечбек модели и супер мини возила, наградата оди за електричниот модел на Opel, Ampera Е. Автомобилот со едно полнење може да измине 480 километри или повеќе од модели како што се Renault Zoe, Nissan Leaf и BMW i3. Мора да се нагласи дека моделот победата ја однел во конкуренција на новите Ford Fiesta, VW Polo и Honda Civic.

Најдобар седан: Volkswagen Arteon

Со својот впечатлив дизајн, VW Arteon е пред модели како BMW 5-Series и Kia Stinger. Arteon е удобен и лесен за возење, со прекрасен ентериер и богата стандардна опрема, што секако е причина повеќе за да ја освои наградата. Од неодамна, моделот е достапен и за македонските клиенти, како дел од понудата на Порше Македонија.

Најдобар компактен теренец: Škoda Karoq

Škoda Karoq го краси голем простор во салонот, нов 1,5-литарски бензински мотор и многу опрема која вклучува и нов инфо-забавен систем. Неговите главни ривали во трката за наградата биле модели како Toyota C-HR и Mitsubishi Eclipse Cross.

Најдобар теренец: Audi Q5

Audi Q5 е победник во категоријата на големи теренци пред модели како што се Volvo XC60 и Alfa Romeo Stelvio. Софистицираниот изглед, високо квалитетниот ентериер и бројните агрегати се дел од основните карактеристики на моделот.

Најдобар спортски автомобил: Porsche Panamera Sport Turismo

Да се биде пред модели како што се Lamborghini Huracan Performante, Honda NSX и Aston Martin DB11 секако не е лесно, но токму тоа му успеа на Porsche Panamera Sport Turismo – прво место во оваа категорија. Победата се должи пред се на перформансите за така голем автомобил.

Најубавиот автомобил: Aston Martin DB11

Наградата за најубав автомобил е доделена на Aston Martin DB11, што и не е големо изненадување. Иако сличен со претходните генерации, новиот Aston Martin има свој уникатен дизајн, совршена комбинација на елеганција и спорт.



Loading...
Споделете.

Оставете одговор

Translate »