LG на овогодинешното издание на саемот за електроника во Лас Вегас го претстави првиот 65-инчен склоплив телевизор. Уредот може да се свитка и да се стави во мало куќиште за само неколку секунди

До сега имавме само можност да видиме само водоотпорни и флексибилни телевизори, но прашањето што се поставува е што што ќе ние е ТВ кое може да се свитка во ролна. Има повеќе одговори. Прво и основно, LG се погрижил телевизорот да биде заштитен кога не се користи. Кога овој телевизор е во своето куќиште тој е потполно безбеден и заштитен од сите влијанија, па затоа е одличен за луѓе кои имаат палави деца или домашни миленици кои би можеле случајно да го оштетат.

Друга причина е транспортот. Бидејќи се наоѓа во мало куќиште, овој телевизор лесно може да се премести каде што сакате, а дури можете да го носите со себе и на патувања и на тој начин секогаш да уживате во квалитетна слика. Ако сте бизнисмен кој многу патува и сакате совршено задоволство во хотелската соба, се што ви треба е лаптоп и овој телевизор кој лесно ќе го носите со вас.

Телевизорот има можност за прилагодување на неговата големина, така што не секогаш мора целосно да го извадите од куќиштето, туку можете да направите екран со големина по желба.

Засега постои само прототип од телевизорот, но креаторите на LG велат дека овој модел наскоро ќе биде достапен за продажба, а продажниот модел ќе има уште подобро куќиште.

Цената на уредот во моментов не е позната, но сигурни сме дека воопшто нема да биде евтин.