Премиера: Triumph Speed Triple S & RS / ФОТО

0

По повеќе месечната најава, конечно пристигна новиот Triumph Speed Triple во верзии S и RS. Британскиот производител вели ова е нивниот најдобар „streetfighter“ досега.

Новиот Speed Triple добил поголема моќност на моторот која сега изнесува 150 коњски сили од 1050 кубни сантиметри волумен. Од Triumph тврдат дека се вградени 105 нови делови во погонскиот агрегат. За да се оправда епитетот „совршен хулиган“, Британците новиот модел стандардно го опремиле со системот за издувни гасови Arrow.

Во Triumph тврдат дека новиот Speed Triple е далеку поагилен и технолошки понапреден од својот претходник. Моделот е опремен со сопирачки Brembo и пневматици Pirelli Diablo Supercosa, а тука се и новиот подобрен ABS, контрола на тракција, TFT колор екран од 5 инчи, додека опционалната опрема вклучува темпомат, DRL светла… Верзијата Street Triple RS стандардно доаѓа со бесконтактно палење на мотоциклот.

Цените и комплетната спецификација за двата модели се уште не се објавени.



Loading...
Споделете.

Оставете одговор

Translate »