PSA групацијата го претстави првиот од трите нови ван модели на своите брендови Citroen, Peugeot и Opel

Само неколку дена по најавата за новата генерација на Berlingo, Partner и Combo, францускиот авто гигант објави фотографии и техничките детали за првиот од овие автомобили.

Станува збор за патничката верзија на мултифункционалниот Citroеn ван – Berlingo Multispace, чија прва генерација дебитираше пред повеќе од две децении во 1996 година.

Новата, трета генерација на овој автомобил своето деби ќе го има на претстојниот автомобилскиот саем во Женева, а во пресрет на овој настан, вообичаено е направена интернет премиера.

Автомобилот има карактеристичен дизајн на екстериерот со кој се карактеризира тековната Citroen гама (C3, C3 Aircross, C4 Cactus …). Сепак, она што овој автомобил го прави толку купуван, се криејќи се под каросеријата – простран, мулти-функционален салон со модуларен распоред на седиштата и многу простор секакви ситници.

Citroen тврди дека новиот Berlingo има дури 28 прегради и складишта во кои патниците можат да ги сместат помалите предмети додека се возат.

Меѓу нив е и делот кој се наоѓа под задниот дел од покривот, но и голем простор пред совозачот кој е преместен на врвот од командната табла, додека предното воздушно перниче за совозачот е поместено од таа позиција.

Модуларната конфигурација на седиштата овозможува голем, корисен простор за транспорт на габаритни предмети.

Покрај стандардното Berlingо со 5 засебни места, клиентите може да порачаат и проширена варијанта со 7 седишта (три линии), при што може да се нарача и без последниот ред, наместо кој се добива голем карго простор.

Моторната гама ќе вклучува голем број бензински и дизел мотори со моќност од 75 до 130 КС кои можат да бидат впарени и со опционален, нов, 8-брзински автоматски менувач. Производител отистакнува дека – во зависност од нивото на опременост – на располагање на клиентите се 19 електронски системи за асистенција на возачот.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1D3Ykw-nCSLwLs8vrLtmgSR1BlVbFVrSj” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Новото Berlingo Multispace припаѓа на автомобилски сегмент во кој постои голема конкуренција (Volkswagen Caddy, Renault Kangoo, FIAT Doblo, Ford Transit Connect…), а PSA има амбициозни планови за следната генерација на своите возила, во која покрај моделот на Citroen влегуваат и идните Peugeot Partner и Opel Combo.

Целта на француската група е да се земе што поголемо парче од „тортата“ во оваа класа на возила во Европа.

За тоа постојат добри основи, со оглед дека Citroen Berlingo зад себе има одлични продажни резултати во последните две децении во кои до клиентите се испорачани 3,3 милиони единици, од кои 1,7 милиони биле патнички Multispace верзии.

Само во 2017 година, продадени се 165.000 примероци од претходната генерација на Berlingo, поради што овој автомобил е втор најдобро продаван Citroen модел за изминатата година (зад моделот C3).