Постигнат договор – Алонсо во McLaren и во 2018 година

0

Иако многу се шпекулираше во изминатите месеци, Фернандо Алонсо нема да го напушти McLaren на крајот од сезоната.

Шпанецот незадоволен од перформансите на болидот со мотор на Honda најавуваше заминување од британскиот тим, но тој на крајот сепак го продолжи договорот на уште една година.

Двократниот светски шампион верува дека договорот со Renault за снабдување со погонски агрегати за наредната сезона ќе овозможи тимот на McLaren да стане конкурентен дури и во борбата за титулата, што не беше случај со агрегатите на Honda во претходните три години.

„Моето срце секогаш ми велеше да останам, иако во последниве години тоа не беше лесно. Не сме заборавиле да победуваме и верувам дека тоа ќе го направиме многу брзо. McLaren има техничка и финансиска сила да биде најбрз во трките и да освојува титули во Formula 1. Претходните три години ни овозможија да планираме и да градиме за иднината, и затоа со нетрпение го очекувам продолжувањето на ова патување“, вели Алонсо.

Алонсо за McLaren возеше 53 трки, 13 пати во првите десет, 16 пати се откажа и има освоено вкупно 75 поени.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »