Бензинот и дизелот поевтини за 2,5 денари!

0

Со новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,19%, односно за 4,21% или 2,50 ден/лит

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 05.02.2018 година. Следствено, од ноќеска на полноќ малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 65,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 67,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 57,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 45,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,243 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 05.02.2018 година и со тоа цената на М-1 НС ќе изнесува 27,856 ден/кг

Со оваа Одлука се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,19%, односно за 4,21% во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија од 05.02.2018 година.

Како причина за корекција на продажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар која во изминатиот 14-ет дневен период изнесувала 64,095 $/барел и е за 7,21% пониска од просечната цена на суровата нафта (69,078 $/барел) по која се формирани тековните цени на нафтените деривати.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-ет дневен период изнесувал 50,00 ден/$ и е за 0,047 % повисок од курсот на доларот (49,9767 ден/$) по кој се формирани тековните цени на нафтените деривати.



Loading...
Споделете.

Оставете одговор

Translate »