Германската компанија BMW ќе заштити дел од своите потрошувачи што ќе бидат погодени од неодамна воведените мерки за забрана на дизел возила во градовите

Во светлото на скандалот Diselgate od 2015 година, многу светски метрополи (Мексико Сити, Париз, Мадрид, Атина, Рим) постепено почнаa со најава и датуми за забрана за употреба на дизел автомобили во градовите поради емисиите на штетни гасови.

Имено, пред неколку недели, Сојузниот суд на Германија донесе одлука дека градовите имаат право да ги забранат возилата кои ја загадуваат животната средина, а тука води дизелот.

За да го ублажи ударот на клиентите, BMW оваа недела даде „дизел ветување” со кое им гарантира на сите корисници на лизинг поврат на дизелските модели ако живеат до 100 километри надвор од градот, кој вовел забрана.

BMW не очекува забрана за нови модели, но им дава можност на своите клиенти доколку тоа се случи. Понудата на BMW се однесува на лизинг во периодот од 6 март до 30 јуни, но може да биде и проширена.

Компанијата од Минхен нуди и помош за купувачите на постари модели да прејдат на поефикасни автомобили. Сопствениците на возила со Euro 4 мотори, постари од септември 2009 година, имаат право на попуст за понови возила

Така на пример, клиентот може да добие попуст од околу 2.000 евра за електричниот моделот i3, plug-in хибрид или друг модел чија емисија на штетни гасови е помала од 130 g/km.