iFixit, популарниот расклопувач и составувач на сè и сешто, во најновата епизода го расклопи Samsung Galaxy S9 Plus за да утврди колку е лесен или тежок за сервисирање

Со оглед на комплексноста на склопените делови, Galaxy S9 Plus генерално не се разликува од својот претходник.

Ова значи дека секоја поправка на овој мобилен телефон на сервисерите ќе им создаде главоболка, а цената за поправки нема да биде мала. iFixit наведува дека во склопувањето на оваа единица се користело многу лепак за да се постигне саканиот степен на отпорност на вода.

Уредот, исто така, содржи голем број на модуларни компоненти кои се лесно заменливи, но проблем може да биде промена на батеријата. Најголем проблем се екранот и задната стаклена површина кои може лесно да се скршат. Имено, менувањето на екранот бара претходно отстранување на задното стакло и практично расклопување на целиот уред, што е многу непријатно со оглед на количината на употребениот лепак.

Како и секогаш, iFixit обезбедува комплетно упатство за расклопување на уредот, но со совет тоа да не се обидувате да го правите дома.