Сосема е сигурно дека наскоро доaѓаат автономните возила за споделено возење на Uber, како и такси и возила за испорака. Но, тоа не се единствените автономни возила кои може наскоро да се појават, бидејќи Ford планира да воведе полициски автономен автомобил.

Патент за изработка на автономен полициски автомобил Ford има поднесено уште во 2016 година. Овој патент подразбира возило кое може да се движи самостојно или со полициски службеник на возачкото седиште.

Покрај тоа што може да се движи независно, ова предложено возило ќе користи вештачка интелигенција и разни компоненти кои вклучуваат камери и сензори за да ги пресретнат другите автомобили што се движат побрзо од ограничувањата на брзината на патот. Интересно, овој „полицаец“ на четири тркала ќе може самостојно да одлучи дали да му напише на возачот или да го пушти само со предупредување.

Сепак, вакво возило сè уште нема да се појави и засега станува збор само за патент. Ford најверојатно само сака да биде првиот што ќе има флота од автономни полициски возила на патиштата, бидејќи е компанија која е најголемиот снабдувач на полициските станици низ САД.