Polestar 1 ќе чини помеѓу 130 и 150 илјади евра!

0

Засега за овој модел е планирана само претплатата, иако има шанси да се продава и на традиционален начин.

Засега, според плановите на компанијата, луѓето всушност и нема да можат да го купат овој автомобил, туку тој ќе биде испорачуван со план за претплата кој има точно одредено време или времетраење на договорот, на две или три години. Овој модел веќе може да се нарача онлајн, иако со испорака ќе се започне дури од втората половина на 2019 година. Кога ќе истече договорот за претплата, автомобилот мора да се врати во компанијата, или компанијата сама ќе го земе од својот клиент. Потоа, возилото ќе биде реставрирано и продавано како половно, исто така со систем на претплата.

Сепак, има шанси овие планови на компанијата и да се променат, а со тоа Polestar својот автомобил и да го продава на традиционален начин. Ако тоа се случи, оваа машина со 600 коњски сили ќе има цена помеѓу 130 и 150 илјади евра, барем според зборовите на Данкан Фостер, потпретседател на компанијата.

Тука се поставува прашањето и за бројот на автмобили бидејќи годишно ќе се произведуваат само 500 примероци. Големи се шансите 300 автомобили да бидат резервирани за кинескиот, а по 100 за европскиот и американскиот пазар.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »