Поглед во иднината на компактната класа на Mercedes

0

Mercedes на Саемот за автомобили во Шангај го претстави Concept A Sedan, кој обезбедува увид во дизајнот на следната генерација на компактни модели на производителот.

Судејќи според концептот, следните модели како Mercedes А-класа или CLA, ќе изгледаат многу поразлично од сегашната генерација на овие возила.

Заштитен знак на новиот компактен седан е целосно изменета, испакната маска на ладилникот со вертикална решетка.

Слично решение видовме кај некои спортски модели од AMG GT семејството, но и неодамна воведените AMG SUV возила како GLC 63 и GLC 63 Coupe.

Промена има и во дизајнот на фаровите, кои сега добиле триаголна форма, а динамичниот изглед на конпептот е надополнет со специфичниот преден браник со голем, мрежест отвор за воздух.

Надворешните ретровизори се тенки и елегантни, рачките сокриени во вратите, а целата каросерија има флуидна линија.

Вешто вклопените, „невидливи“ В-столбови допринесуваат за купе естетиката.

Спортска нишка е дополнително нагласена со пошироките калници под кои се сместени големи 20-инчни тркала.

Иако Mercedes официјално нема потврдено, Concept A Sedan би можел да претставува најава за комплетно нов модел – компактна лимузина, која би била вистински конкурент на Audi A3 Sedan.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »