Поглед во фабриката во Маранело, место каде што се „произведуваат“ соништата

0

За фановите на Ferrari, погонот во кој се прават автомобилите од овој бренд претставува вистинско светилиште.

Како дел од прославата на 70-годишнината на Ferrari, Wired добил ексклузивно право да сними детали од производствениот објект во кој во 2017 година ќе бидат завршени вкупно 8.400 возила со добро познатиот амблем.

Иако во Ferrari и понатаму се држат до традицијата и произведуваат помалку од 10 илјади автомобили годишно, процесот на производство во фабриката во Маранело е високо модернизиран, така што во овој погон голем дел од работата ја завршуваат роботи, а се користат и автономни роботизирани возила за транспорт на делови за време на процесот.

Сепак, крајниот резултат е производ кој е сон на секој вљубеник во супер спортските модели на Ferrari.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »