Париз ги забранува моторите со внатрешно согорување од 2030 година

0

Градските власти на францускиот главен град се решени од улиците да ги отстранат сите автомобили со дизел и бензински мотори.

Едно од официјалните лица во администрацијата на Париз, Кристоф Најдовски, истакнува дека оваа забрана е дел од долгорочна стратегија и дека автомобилите со дизел и бензински погон се една од главните причини за загадување на животната средина. Веројатно оваа забраната ќе влијае и на хибридните возила, бидејќи според зборовите на Најдовски забраната ќе се однесува за сите варијации во користењето на фосилни горива.

Париз ќе биде домаќин на Олимписките игри во 2024 година, а една од целите е прво да се забранат дизел автомобилите на улиците низ градот до почетокот на Игрите, така што главниот град на Франција дефинитивно ќе стане глобален пример во оваа сфера.

Loading...
Споделете.

Напишете коментар

Translate »
%d bloggers like this: