Она кога SUV и миниван „ќе имаат бебе“ / ФОТО

0

Toyota објави фотографии од својот интересен концепт Tj Cruiser, кој својата премиера ќе ја има подоцна овој месец, на автосалонот во Токио

Toyota Tj Cruiser има мулти-функционална, пространа пилотска кабина во форма на кутија, како комбинација на миниван и лесно комерцијално возило, но и возни карактеристики како еден SUV автомобил.

Од Toyota велат дека Tj Cruiser е наменет за „возачи со стил, кои постојано во својот живот ги поврзуваат работата и играта“ (Т доаѓа од англискиот збор toolbox или во превод кутија за алат, додека J е joy или во превод радост).

Бидејќи автомобилот е осмислен за извршување на работа, како и да се движење надвор од асфалтот, некои делови од телото (хаубата, покривот, подвозјето) се заштитени со цел заштита од гребаници.

Доколку е потребно, на возачот за управување по нерамен терен или низ кал, на располагање му е 4х4 погонски систем.

Влезната врата се отвора на стандарден начин, додека задната е на лизгање, што овозможува полесен пристап до салонот кога се влегува во задниот дел, но исто така и полесно сместување на габаритни работи.

Задните седишта, како и совозачкото, лесно се преклопуваат за да се обезбеди целосно рамен под, со ниво на багажниот простор со што возилото може да пренесе големи предмети со должина до 3 метри. Притоа Toyota обезбедила различни ремени и други елементи со кои предметите кои се превезуваат може да се прицврстат и обезбедат.

Концептот е поставен на нова генерација од механичката архитектура TNGA (Toyota New Global Architecture), а се користи хибриден погон со 2.0-литарски бензински мотор како срце на системот.

Концептот ТЈ Cruiser светската премиера ќе ја има на 25 октомври на салонот во Токио, а од Toyota се уште не објавиле дали планираат сериско производство.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »