Одложена премиерата на електричниот камион на Tesla

0

Премиерата која што беше закажана за 26 октомври е преместена за 16 ноември.

Tesla Semi Render

Како што напиша на Twitter, Илон Маск, првиот човек на компанијата, одложувањето првенствено е поради потребата за максимално вложуваање и фокус кон зголемување на производството на новиот Model 3, кое сеуште не е на планираното ниво.

Се очекува камионот на Tesla односно Electric Tank да има автономија на возење од 320 до 480 км и ќе биде наменет главно за пократок регионален товарен транспорт на растојанија помеѓу 160 и 320 км, што претставува околу 30% од вкупниот сообраќај во камионите САД.

Инаку, Tesla во август најави дека планира да ги тестира автономните системи за возење на својот електричен камион во Невада и Калифорнија

Loading...
Споделете.

Напишете коментар

Translate »
%d bloggers like this: