Објавени номинациите за Светски автомобил на годината 2016

0

Во Франкфурт каде е во тек еден од најважните автомобилски саеми во светот, објавени се автомобилите кои се номинирани за новото издание на Светски автомобил на годината за 2016 година.

wcoty-2016

Во главната категорија – Светски автомобил на годината за 2016, номинациите се следни: Audi A4, BMW X1, Cadillac CT6, Chevrolet Malibu, Ford Edge, Honda HR-V, Hyundai Tucson, Jaguar XE, Kia Optima, Land Rover Discovery Sport, Mazda CX- 3, Mazda MX-5, Mercedes-Benz GLC, Nissan Maxima, Skoda Superb, SsangYong Tivoli, Subaru Outback, Subaru Levorg, Toyota Prius, Opel / Vauxhall Astra и Volkswagen Touran

За најлуксузен автомобил на годината за 2016 ќе конкурираат Audi Q7, BMW 7 Series, Bentley Mulsanne Speed, Infiniti Q30, Jaguar XF, Lexus RX, Mercedes-Benz GLE Coupé и Volvo XC90.

Светски Еко автомобил на годината 2016 ќе биде еден од следниве кандидати: BMW 330e, Chevrolet Volt, Mercedes-Benz C 350e, Nissan X-Trail Hybrid, Nissan Murano Hybrid, Toyota Prius, Toyota Mirai и Volkswagen Passat GTE.

Светскиот спортски автомобил на годината за 2016 ќе биде избран помеѓу Audi RS 3 Sportback, Audi R8, BMW X5 M / X6 M, Cadillac CTS-V, Cadillac ATS-V, Chevrolet Camaro, Honda Civic Type R, Mercedes-AMG C 63 и Range Rover Sport SVR.

За најдобар дизајн ќе конкурираат Audi Q7, Audi R8 Coupé, BMW 2 Series Convertible, BMW 7 Series, Hyundai Creta и Mercedes-Benz C-Class Coupé.

Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »