Nvidia најавува суперкомпјутер кој автономијата од петтото ниво ја прави можна!

0

Производителите на автомобили до Pegasus ќе може да добијат пристап дури на крајот од 2018 година

Компанијата Nvidia го најави својот нов компјутер со вештачката интелигенција (AI) наречен Pegasus, кој ќе биде во можност да управува со возила со автономно движење од петти степен, односно возила, во кои возачот воопшто не е потребен. Производителите на автомобили до Pegasus ќе може да добијат пристап дури на крајот од 2018 година.

Од Nvidia велат дека Pegasus може да се справи со повеќе од 320 трилиони операции во секунда, што е за десет пати повеќе отколку што може сегашниот компјутер со вештачка интелигенција на компанијата наречен Drive PX 2. Новата технологија значи дека сите процесори работат заедно со компјутерската вештачка интелигенција, а тоа е можно преку сензори како што се камери, радари и слично.

Nvidia моментално има 225 клиенти кои користат Drive PX во развојот на автономни автомобили. Петтиот степен на автономија е веќе достапен во техничка смисла, но потребно е уредување на законите и багажен простор полн со компјутерска опрема. Од Nvidia велат дека со Pegasus ова нема да биде потребно, бидејќи зафаќа простор не повеќе од една стандардна регистарска табличка.

Технолошко-комјутерскиот гигант ќе соработува и со логистичката компанија DHL за тестирање на автономни камиони за испорака.

Loading...
Споделете.

Напишете коментар

Translate »
%d bloggers like this: