Новиот „ѕвер“ на Rimac ќе располага со 1200 КС и ќе биде автономен

0

Британскиот портал Autocar тврди, од извор близок до компанијата Rimac, дека дознал неколку интересни детали за новиот проект на компанијата од Хрватска

Наводно, Rimac Concept Two, наследникот на дебитантскиот концепт на хиперавтомобил Concept One, ќе располага со батерија од 120 kWh која треба да обезбеди автономија од околу 330 км.

Дополнително, новиот Rimac треба да има повеќе од 1200 КС и да има четврто ниво на самовозечка технологија. Ова значи дека Concept Two треба да биде способен за целосно самостојно управување, но возачот за секој случај мора да биде зад воланот.

Rimac својот нов хипер модел ќе го претстави на Саемот за автомобили во Женева следниот месец, а најавеното производство е околу 100 примероци во купе и „спајдер“ верзии.



Loading...
Споделете.

Оставете одговор

Translate »