Шведскиот Volvo официјално на интернет ја претстави новата генерација на својот модел V60 чија премиера пред публика ќе се одржи на престојниот салон за автомобили во Женева следниот месец

Новата генерација на овој модел е базирана на SPA платформата и поставува нови стандарди во средниот премиум сегмент, бидејќи поседува голем број на нови технологии.

Новиот Volvo V60 е за 117 mm подолг од XC60, односно сега е 4,761 mm долг, додека меѓуоскиното растојание изнесува 2,872 mm. Благодарејќи на овие димензии се добило повеќе простор во салонот, како и во багажниот простор чиј капацитет сега изнесува 529 литри со задните седишта на свое место, а кога ќе се спуштат, капацитет се зголемува до 841 литри.

Овој нов модел ќе биде првиот модел на компанијата Volvo во премиум караван сегментот кој е базиран на SPA платформата и ќе се продава во две plug-in хибридни верзии, барем во Европа. Првата верзија ќе има T6 Twin погонски агрегат кој моќноста ја испраќа на сите четири тркала и произведува 340 коњски сили, додека помоќната верзија покрај електричниот мотор ќе поседуваат и T8 Twin мотор кој произведува 390 коњски сили и кој исто така моќноста ја испраќа на сите четири тркала. Во понуда ќе бидат и верзии со T5 и T6 погонски агрегат, како и со D3 и D4 дизел мотори.

Новиот V60 ќе ги има истите дизајнерски линии како и моделите V40 и V90. Голема, широка решетка напред, фарови со познатиот дизајн на компанијата, кој таа го нарекува „Чеканот на Тор“, панорамски покрив, сребрени кровни шини, препознатливи задни светла…

На внатрешниот дизајн во голема мера влијаел дизајнот на салонот во XC60, што значи скандинавски дизајн во комбинација со квалитетни материјали. Впечатлив е мултимедијалниот систем со голем екран, компатибилен со Android Auto и Apple CarPlay платформите.

V60 е опремен со бројни системи за асистенција при возење, како и безбедносни системи, што на крај краеви е очекувано, бидејќи Volvo е еден од водечките производители кога станува збор за безбедноста на патниците. Тука е и полуавтономниот систем за управување.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1AW2AMeMWRdnr0ukKszAUoRf6FNkd74U-” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

ВИДЕО

Почетокот на продажбата се очекува ова лето.