Новиот Renault Koleos во понудата на Аутомотив Груп

0

Втората генерација на SUV моделот на Renault од G-сегментот кој комбинира моќен стајлинг со елеганција, префинетост и удобност како големите лимузини, официјално е во ценовникот на македонскиот импортер за програмата на францускиот производител-Аутомотив Груп.

Новата генерација на моделот го следи новиот дизајнерски јазик на Renault, познат од Megane, Talisman и Kadjar. Кросоверот е конструиран на основата на Nissan X-Trail и е малку поголем од првата генерација.

Димензиите на новиот модел се должина од 4.672 mm, ширина – 1.843 mm, висина – 1.678 mm и растојание помеѓу двете оски од 2.705 mm. Koleos нуди водечки во сегментот простор во салонот (289 mm во висина на колената), висока позиција на седење (150 mm повисоко во однос на стандарден седан) и врвна опрема.

Да не ги заборавиме веќе докажаната технологија со погон на четири тркала, способноста за теренско возење благодарение на високото растојание од земјата и сета останата врвна технологија.

На македонскиот пазар новиот Renault Koleos доаѓа со дизел моторi Energy dCi со две нивоа на моќност, од 130 и 175 КС. Менувачот кон погонски агрегат е оптимизиран континуирано преку автоматска трансмисија X-Tronic, која може да се нарача за моделите со пренос само на предните, а по желба на возачот и сите четири тркала. Возачот исто така има можност да избере 7-степен секвенцијален режим, ако сака да ја искористи моторната сопирачка. Системот 4х4 е многу лесен за употреба, преку контролер, кој се наоѓа на левата страна на воланот. Овозможува избор на три режими: 2WD, 4WD Auto или 4WD Lock.

Втората генерација на Koleos е петтиот модел на Renault по Clio, Espace, Talisman и Captur кој добил верзија со потпис Initiale Paris, дизајнирана од страна на најдобрите експерти од Групацијата на Renault во сферите на елеганцијата, удобност, опремата и услугите.

Цената на основниот модел кај нас изнесува 30.000 евра.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »