Новиот болид на Williams во полн сјај

0

Се појавија и првите фотографии од новите Formula 1 болиди на интернет. Станува збор за болидот на Williams, FW40, именуван во чест на 40-годишнината на тимот и воопшто првиот болид дизајниран во согласност со новите правила.

Наговестување за тоа што може да се очекува се појави на минатогодишните Pirelli тестови, кога беа користени модифицирани болиди на Mercedes, Ferrari и Red Bull, како и минатиот месец, кога членовите на тимот на Manor кои позираа крај модел од воздушниот тунел, по откажувањето на тимот од натпреварувањето.

Сепак, токму Williams обезбедува прв вистински увид во новиот дизајн, а највпечатлив детал е новото задно крило, слично на она што беше додадено на болидот на Ferrari за тестовите на Pirelli.

На предниот дел и понатаму е карактеристичниот „нос“ сличен по дизајн на решението за минатата и предминатата година.

Како потсетување, во двоецот возачи за 2017 година се дебитантот Ленс Строл и ветеранот Фелипе Маса, а Валтери Ботас потпиша за Mercedes како замена за Нико Розберг.


Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »